Секој десетти жител на Шпанија бил инфициран со коронаворус

Студијата укажува дека досега најмалку 4,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, иако според потврдените податоци на Министерството за здравство, до вчера во земјата се заразени вкупно 1,75 милиона лица, а тоа било докажано врз основа на лабораториски тестови.

217

Секој десетти жители на Шпанија до средината на ноември бил заразен со коронавирусот, а речиси половината од заразените се инфицирале за време на летното повторно избувнување на жариштето, покажуваат првичните резултати од официјалното истражување за присуството на антитела кај луѓето.

„Четвртата и најнова студија за присуство на антитела на национално ниво утврди дека 9,9 отсто од над 51.400 испитаници имаат развиено антитела во одреден момент од пандемијата, соопштија официјалните лица од шпанскиот главен Центар за епидемиолошки студии, Здравствениот институт „Карлос Трети“, соопшти денеска Министерството за здравство.






Студијата укажува дека досега најмалку 4,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, иако според потврдените податоци на Министерството за здравство, до вчера во земјата се заразени вкупно 1,75 милиона лица, а тоа било докажано врз основа на лабораториски тестови.

Во Шпанија, исто така, потврдени се 48.000 смртни случаи од Ковид-19, иако пријавениот вишок на смртност укажува на поголем број смртни случаи

Поврзани содржини