СЕДУМГОДИШНО УБИ ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ Го застрелало со пиштол во неговиот дом

Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден.

329

Прелиминарната истрага покажа дека пукањето во понеделникот вечерта во домот во Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки.

Преземени се мерки за спасување, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на детето на местото на настанот. Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот.






Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден.

Кентаки нема закон со кој се наметнуваат казни за оние кои нема да го заклучат огненото оруже. Меѓутоа, државата забранува секому „намерно, свесно или непромислено“ да му дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол.

Поврзани содржини