Седум видови на луѓе кои составуваат и дистрибуираат лажни вести

„BBC“ испита стотици лажни публикации за време на пандемијата.

296

Социјалните медиуми се преплавени со теории на заговор, дезинформации и шпекулации за коронавирусот.

Кој, сепак, ги става во прв план сите овие гласини? И кој ги дистрибуира?






BBC“ испита стотици лажни публикации за време на пандемијата.

Така, тие успеаја да формираат идеја за тоа кои се луѓето што стојат зад дезинформациите и што ги мотивира.

Еве седум видови на луѓе кои составуваат лаги и ги шират:

Шегаџија

Некој би претпоставил дека никој нема да биде во заблуда од пораката на „WhatsApp“ во која се тврди дека британската влада подготвувала огромна лазања на стадионот Вембли за да ги нахрани лондончаните. Сепак, некои луѓе се фаќаат за шегата.

Друг, посериозен пример е случајот во кој шегаџијата зема „скриншот“ од лажен текст на владата во кој се тврди дека поединец е казнет поради што премногу пати го напуштал својот дом. Тој смета дека би било забавно да се исплашат луѓето кои ги кршеа правилата за карантин.

Откако ги охрабри своите следбеници да ја споделат објавата на „Instagram“, таа дојде и до локалните групи на „Facebook“, каде што некои го сфатија сериозно.

Измамник

Измамниците создаваат други лажни текстови, претставени како официјални документи, кои имаат за цел да заработат пари од пандемијата.

Во слична измама, истражена од „Full Fact“ во март, се тврди дека британската влада им нуди на луѓето финансиска помош, но тие треба да ги дадат детали од своите банкарски сметки.

Фотографиите од лажниот текст беа споделени на „Facebook“. Бидејќи текстот се пренесува преку текстуални пораки, тешко е да се утврди кој стои зад тоа.

Измамниците започнале да користат лажни вести уште во февруари, испраќајќи електронска пошта до луѓето за да „кликнат за лекување на коронавирусот“.

Политичар

Дезинформациите не произлегуваат само од темните агли на Интернет.

Американскиот претседател Доналд Трамп размислуваше за време на брифингот дали пациентите може да се инјектираат со средства за дезинфекција и да се озрачуваат со ултравиолетова светлина.

Потоа, тој изјави дека неговите коментари се саркастични. Сепак, ова не ги спречи некои луѓе да се отрујат со средства за дезинфекција.

Ние не зборуваме само за претседателот на Соединетите држави. Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи ја спомна идејата дека ковид-19 можеби е донесена во Вухан од страна на американската армија. Теориите на заговор за инфекцијата беа дискутирани во премиерно време на руската државна телевизија и на профилите на „Twitter“ кои го поддржуваат Кремљ.

Автор на теории на заговор

Целата оваа неизвесност за вирусот создаде плодна основа за теории на заговор

Лажните вести за сомнителниот производ, дека починал првиот доброволец што учествувал во тестот за вакцини во Велика Британија, се прошири во многу големи групи на „Facebook“ кои се против вакцинацијата. Сепак, сè излезе како измислица.

Интервјуата со познатиот теоретичар на заговор Дејвид Ајк ја покренаа вербата дека мрежата „5G“ е поврзана со коронавирусот. Профилот на „Facebook“ на Ајк беше избришан поради објавување „здравствена дезинформација што може физички да ги повреди луѓето“.

Теориите на заговор, исто така, доведоа до напади врз „5G“ антените на мобилните оператори во Велика Британија.

Луѓе со „информации од внатре“

Понекогаш дезинформацијата доаѓа од доверлив извор – лекар, учител или професионалец од здравството.

Меѓутоа, честопати „инсајдерот“ не е баш таков.

Една жена од Кроули во Западен Сасекс докажува дека стои зад говорната пошта што прави мрачни и целосно неосновани предвидувања за висока смртност кај млади луѓе заразени со коронавирусот. Таа тврди дека има информации од нејзината работа во итната медицинска помош.

Роднини

Пораката на жената од Кроули и многу други како нејзината се здобива со голема популарност затоа ги мотивира луѓето да ги споделуваат со своите познаници и роднини.

Тие се обидуваат да бидат корисни и мислат дека прават нешто позитивно. Се разбира, тоа не значи дека пораките што ги споделуваат се вистинити.

Познати личности

Познати личности исто така помогнаа да се даде популарност на погрешните тврдења.

Музичкиот уметник M.I.A. и актерот Вуди Харелсон се меѓу оние кои и даваат популарност на теоријата за врската помеѓу „5G“ и коронавирусот со објавувања до нивните многубројни следбеници.

Според публикацијата на „Reuters“, славните неодамна играа клучна улога во ширењето на дезинформациите преку Интернет.

Некои од нив имаат огромни платформи во традиционалните медиуми, како што е телевизијата.

Поврзани содржини