СЕДУМ ПРОМЕНИ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ВЕ СПАСАТ ОД МОЗОЧЕН УДАР Еве што треба да направите
На кој начин можеме да поведеме сметка и да го намалиме ризикот од мозочен удар?
Високиот крвен притисок е водечка причина за мозочен удар. Се проценува дека речиси половина од возрасните имаат висок крвен притисок. На кој начин можеме да поведеме сметка и да го намалиме ризикот од мозочен удар?
Постојат седум работи на кои треба да обрнете внимание, пишува хрватски „24сата“.
Внимавајте на телесната тежина
Прекумерната тежина е поврзана со сите видови здравствени проблеми, вклучувајќи ги и дијабетесот и високиот крвен притисок, кои значително го зголемуваат ризикот од мозочен удар.
Добрата вест е дека дури и губењето на 10 килограми, ако имате вишок килограми, може значително да го намали ризикот од мозочен удар.
Редовно вежбајте
Да се биде активен и редовно да се вежба може да има голем број придобивки за физичкото и менталното здравје. Бидејќи редовното вежбање може да помогне во слабеењето, намалувањето на крвниот притисок и одржувањето на здраво ниво на холестеролот, исто така може директно да го намали ризикот од мозочен удар.
Потрудете се да вежбате 30 минути дневно, пет дена во неделата. Дури и 10 минути вежбање има позитивен ефект врз здравјето, објаснува д-р Томи Нг од Медицинскиот центар Јужен Океан.
Ако пиете алкохол, правете го тоа умерено
Ако сте некој што ужива во повремената чаша вино или пиво, тоа не е нешто што треба да го исфрлите од вашата рутина. Всушност, често цитираното истражување од 2005 година, објавена во списанието „Strok“ (Удар), покажало дека една до шест чаши алкохол неделно – како вино, пиво или жесток пијалак – се поврзани со помал ризик од мозочен удар во споредба со луѓето кои целосно се воздржувале од алкохол.
Престанете да пушите
За разлика од консумирањето алкохол, консумирањето тутун дури и умерено не е корисно за вашето здравје. Напротив.
„Пушењето го забрзува формирањето на згрутчување на неколку различни начини. Ја згрутчува крвта и ја зголемува количината на таложење на плак во артериите. Заедно со здравата исхрана и редовната физичка активност, откажувањето од пушењето е една од најголемите промени коишто човек може да ги направи за значително да го намали ризикот од мозочен удар“, пишува „Харвард хелт“.
Намалете го притисокот
Редовната контрола на крвниот притисок – и преземањето чекори за намалување на истиот доколку е висок – се клучни за намалување на ризикот од мозочен удар, велат експертите.
„Високиот крвен притисок е водечка причина за мозочен удар. Ако имате висок крвен притисок, научете да го мерите дома. Секогаш сетете се да го измерите додека се одморате или седите“, вели д-р Пинакин Р. Јетва, неврохирург во медицинскиот центар Џерси.
Хранете се здраво
Како што веќе споменавме, здравата исхрана богата со овошје и зеленчук и ниска содржина на заситени масти може да помогне во намалување на крвниот притисок, како и намалување на ризикот од дијабетес, болест поврзана со зголемен ризик од мозочен удар, пишува МСН.
Следете го холестеролот
Следењето на холестеролот е клучно за здрав начин на живот и го ограничува ризикот од сериозни здравствени проблеми.
„Високо ниво на ЛДЛ или лош холестерол и ниско ниво на ХДЛ или добар холестерол ги затнуваат артериите. Вашето ниво на холестерол е важен дел од целокупното здравје на срцето“, рекла кардиологот Шила Сахни од Медицинскиот центар ЏФК.