Седум приоритети за општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум, истакна кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Можеби ќе ве интересира
Тој вети изградба на четири нови градинки, што, како што вели, е еден од врвните приоритети за следните четири години.
– Покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките. Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром. Целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината – вели Муцунски.