Седум лица планирале терористички напади во Данска, полицијата ги фатила
Кај уапсени пронајдени се материјали за изработка на експлозивни направи и оружје.
Во заедничка операција на германската и данската полиција во Данска уапсени се седум лица под обвинение дека се обидувале да направат експлозивни направи и планирале терористички напади.
Кај уапсени пронајдени се материјали за изработка на експлозивни направи и оружје.
„Веруваме дека поединците имале намера и капацитети да извршат терористички напади во Данска“, се наведува во соопштението на данската полиција.