СЕДУМ ДЕЦА ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ БРАК Алек и Хиларија Болдвин добија ќерка и споделија семејна фотографија (ФОТО)
Хиларија Болдвин се породи на 22 септември, при што го роди своето седмо дете - ќерката Иларија Каталина Ајрин Болдвин.
Семејството Болдвин стана побогато за уште еден член! Хиларија Болдвин се породи на 22 септември, при што го роди своето седмо дете – ќерката Иларија Каталина Ајрин Болдвин.
„Таа е тука! Многу сме возбудени што можеме да кажеме дека нашиот мал сон стана реалност. И јас и таа сме среќни и здрави. Нејзините браќа и сестри го поминуваат денот запознавајќи ја и посакувајќи ѝ добредојде во нашиот дом. Ви испраќаме многу љубов и многу сме среќни што можеме да ја прославиме оваа убава вест со вас“, напишала Хилари на Инстаграм заедно со видео и фотографии со бебето.
Девојчето Иларија, нивното седмо дете, дојде на свет на 22 септември.
View this post on Instagram
Холивудскиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија, инструкторка по јога, веќе имаат шест деца – Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2), Лусија (1). Болдвин од претходниот брак со колешката Ким Бесинџер има уште една ќерка – Ајрланд Болдвин (26).
View this post on Instagram
Хиларија веста за бременоста ја сподели со јавноста во март годинава, нагласувајќи дека тоа за нив било огромно изненадување, но и благослов, и светла точка во тешките моменти низ кои поминуваат како семејство.
Имено, Болдвин во октомври минатата година случајно ја уби својата колешка Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“, а овој инцидент предизвика огромна помпа во медиумите. Исто така, семејството на настраданата директорка на фотографија поднело тужба против актерот, а целиот настан остави страшни последици по психофизичкото здравје на холивудската легенда.
Алек и Хиларија се во брак од 2012 година, а важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.
ФОТО: Инстаграм