Ѝ се заканувал дека ќе ја избоде со нож, славната актерка повикала полиција откако провалил во нејзината куќа

630

Кејт Бекинсејл (46) важи за една од најубавите актерки во Холивуд, но изгледа дека славата исто така со себе носи и многу проблеми. Според странските медиуми, таа повикала полиција поради манијак кој ја прогонува. На тревникот пред нејзината куќа е пронајден ранец, а актерката повторно живее во страв. Четворица полицајци веднаш биле фотографирани пред нејзиниот дом.

Имено, таа веќе подолго време мака мачи со прогонувачот – во 2017 година мораше да го одложи настапот на фестивалот во Флорида поради прогонувачот, кој тогаш беше приведен додека ја чекаше да се појави. Тој човек ја следел низ цела Америка целата таа година, но и ѝ се закананувал дека ќе ја избоде со нож, пишува ТМЗ.






Тој дури, наводно, остварил физички контакт со Кејт, допирајќи ја по грбот на еден настан во Солт Лејк Сити, а потоа ѝ се заканувал дека ќе ја прободе.

По повод најновиот случај, кој веднаш предизвика бура, се наведува дека еден човек бил сослушан во полиција, но останува да се види дали тој е истата личност како порано.

 

Поврзани содржини