📽️ СЕ УРНА МОСТ СТАР НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ Пукнатини, магла и свлечиште, сцените изгледаат како од хорор филм

Мостот во Кина бил отворен пред неколку месеци, лизгање на земјиште го повлече со себе целиот пристапен пат во бездна.

2,189

Дел од неодамна отворен мост се урна во југозападната кинеска покраина Сечуан, во близина на националниот автопат кој ја поврзува централна Кина со Тибет, соопштија локалните власти. Иако сцените наликувале на катастрофа од филм, среќна околност е што нема жртви.

Полицијата во градот Маерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри, за целиот сообраќај уште во понеделник попладне, откако беа забележани пукнатини и поместувања на теренот на блиските планински падини. Локалната самоуправа соопшти дека инженерските екипи веднаш го изолирале подрачјето поради ризик од лизгање на земјиштето.






Во вторник попладне состојбата драстично се влошила – дел од планината почнал да се урива, предизвикувајќи пропаѓање на пристапниот дел од мостот и целосно уривање на дел од трасата на патот. Снимките кои кружат на кинеските социјални мрежи покажуваат огромни делови од асфалтот што висат над бездна, додека прашината од свлечиштето се издигнува во небо.

Изградбата на мостот заврши само пред неколку месеци, според видео објавено од изведувачот „Sichuan Road and Bridge Group“. Засега не е познато дали несреќата е последица на конструкциски пропуст или на природни фактори, но локалните власти најавија дека ќе спроведат детална истрага.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини