СЕ СУДРИЛЕ НЕКОЛКУ АВТОМОБИЛИ, КАМИОН И АВТОБУС Затворена скопската обиколница кај Радишани
Сообраќајот е прекинат, а возилата се пренасочуваат.
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на скопската обиколница, кај Радишани.
Според неофицијални информации на ТВ21, верижно се судриле неколку автомобили, камион и автобус.
На терен има полиција и Брза помош.
Сообраќајот е прекинат, а возилата се пренасочуваат.
Сообраќајот на обиколницата е отежнат и од густата магла.
Засега нема информации за евентуално повредени лица.