СЕ СУДРИЛЕ ДВЕ ВОЗИЛА, ПА УДРИЛЕ ЖЕНА Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото фолксваген поло, А.В.(19) од с.Никиштане
65-годишна скопјанка вчера попладне била тешко повредена откако во неа удрило возило кое претходно учествувало во сообраќајна незгода во скопски Бутел.
Како што пренесува МВР вчера во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Ферид Бајрам во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило форд фиеста, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило фолксваген поло, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
„При несреќата била удрена и Ф.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото фолксваген поло, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Оттаму велат дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.