📷 СЕ СУДРИЈА КАМИОН И ДВА АВТОМОБИЛИ Патот кон Делчево затворен во двата правца, нема повредени

Во судирот учествувале три возила – камион „волво“ со бугарски таблички, автомобил „мерцедес“ и автомобил „фиат“, двата со регистарски таблички од Македонска Каменица.

706

Патот меѓу Македонска Каменица и Делчево е затворен во двата правца откако денеска околу пладне се случила сообраќајна несреќа во близина на селото Илиово.

Во судирот учествувале три возила – камион „волво“ со бугарски таблички, автомобил „мерцедес“ и автомобил „фиат“, двата со регистарски таблички од Македонска Каменица.






Според информациите од полицијата, за среќа нема повредени лица, но оштетени се возилата, а сообраќајот е целосно блокиран на делницата.

Возилата моментално се пренасочуваат по околните патишта, додека екипи на полицијата и вештаци вршат увид на местото на несреќата.

Поврзани содржини