СЕ СУДРИЈА КАМИОН, АВТОМОБИЛ И ВЕЛОСИПЕД ВО СКОПЈЕ 62-годишната велосипедистка е тешко повредена

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека другите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

175

Вчера во населбата Драчево во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил, камион и велосипед.

„На 14 август 2024 околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. Иван Хаџиниколов и ул. Славка Динкова се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(35) од Скопје, товарно возило „„ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од с.Цветово, скопско и велосипед управуван од М.С.(62) од Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека другите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини