СЕ СРАМАМ ОД САМИОТ СЕБЕСИ ПОРАДИ ТОА ШТО ТЕ ПОДДРЖАВ Максим Димитриевски распали по претседателот Стево Пендаровски

Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш. Имајќи почит кон функцијата којашто ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари, но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција, му порача кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на шефот на државата Стево Пендаровски.

4,610

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во статус на Фејсбук вечерва упати остри критики кон претседателот Стево Пендаровски, кој денеска во Варшава се сретна со македонисти, и кој, според Димитриевски, одбегнал да изусти „македонски јазик“, па затоа рекол „народот кој таму живее“.

„Народот кој што таму живее. Ех, претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав, но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш. Имајќи почит кон функцијата којашто ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари, но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција. Надминал Македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал појак“, пишува Димитриевски.






Во истиот статус тој упати и честитки за Полска.

„Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија“, додава кумановскиот градоначалник во објавата.

Поврзани содржини