СЕ СЛУПАА ГОЛФ И НИСАН, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ Тешка сообраќајка на Партизанска

Автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М. (41) од скопското село Грчец се судрил со џип „нисан кашкаи“ со скопски таблички, управуван од М.З.(28) од Скопје, информира полицијата.

992

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска напладне на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди со улицата Ангел Динев. Автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М. (41) од скопското село Грчец се судрил со џип „нисан кашкаи“ со скопски таблички, управуван од М.З.(28) од Скопје, информира полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза, а со телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Градската општа болница 8. Септември, информира СВР Скопје, чија екипа го извршила уводот.

Поврзани содржини