СЕ ПОВЛЕКУВА ТЕЛЕВИЗИСКАТА РЕКЛАМА ЗА „ИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА“ ВО АВСТРАЛИЈА Грчката заедница преку протести успеа да изврши притисок

Телевизиската реклама што ја претставувала Македонија како „историска Македонија“ е повлечена откако предизвика бура кај грчко-австралиската заедница, пишуваат грчки медиуми.

419

Со силен притисок Грците во Австралија успеаја да ,,избришат” реклама за Македонија претставена како дел од ,,Историска Македонија”.

Телевизиската реклама што ја претставувала Македонија како „историска Македонија“ е повлечена откако предизвика бура кај грчко-австралиската заедница, пишуваат грчки медиуми.






Ова е резултат на писмото испратено од член на грчката заедница во Анталија, Сотирис Костулиас до агенцијата која промовира патувања на Балканот преку спотови.

Костулиас е еден од многуте кои протестираа против огласот за претставување на соседната држава како „Македонија“ и кој испратил протестно писмо до агенцијата „TripADeal“ со барање рекламата да биде избришана.

Во одговорот што го добил стои:

„Почитуван г-дине Костулиас, ја цениме загриженоста на клиентите во врска со нашата неодамнешна ТВ реклама за турнејата 2for1 на Балканот. Сакаме да ве увериме дека референцата „Македонија“ наместо точниот термин „Северна Македонија“ не беше намерна и веднаш беше поправена на нашата веб-страница штом ни беше привлечено вниманието. Иако ажурирањето на веб-локацијата беше брзо, процесот за ТВ реклами може да потрае малку подолго. Сакаме да ве информираме дека предметната ТВ реклама е отстранета од неделата на 4 март, заради решавање на неусогласеноста. „TripADeal“ искрено се извинува за каква било конфузија или загриженост што може да ја предизвика нашата заедница. Ние многу ги цениме вашите повратни информации и ве уверуваме дека сме посветени на одржување на точноста и интегритетот во сите наши комуникации. Ви благодариме за разбирањето. Бидејќи проблемот сега е поправен, не се потребни дополнителни активности”.

Писмото со кое на Македонија и се додава Северна е испратено од Асоцијација на австралиската туристичка индустрија.

Поврзани содржини