🎥 СЕ ПОЈАВИ СВЛЕЧИШТЕ НА ГРАДИЛИШТЕ КАЈ КАТОЛИЧКА ЦРКВА Прва жртва автомобил „дачија сандеро“

Според објавата на Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврди дека работи и за време на државниот празник

168

Се појави свлечиште на раскрсницата меѓу улицата Христо Смирненски и булеварот Теодосиј Гологанов во близина на Католичката црква.

Според објавата на Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврди дека работи и за време на државниот празник.






„Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами“, напишаа од иницијативата.

МВР соопшти дека околу 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Христо Смирненски при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.

Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро“, сопственост на Е.М.

„Известени се Центар за управување со кризи, ЕВН и други институции, а на местото на настанот се упатени полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини