📽️ СÈ ПЛИВА ВО ВОЛКОВО Снимки покажуваат како изгледаше денешното невреме

На сликите може да се види и поплавен двор во кој сè плива.

12,844

Поплавена улица по која тече каллива река, а возилата тешко се пробиваат може да се види на снимка од штетите кои ги нанесе денешното невреме во скопско Волково. На сликите може да се види и поплавен двор во кој сè плива.

Плусинфо веќе пишуваше за поплавените куќи и подруми во скопските населби Волково и Даме Груев. Жителите се жалат на откорнати олуци, кабли и делови од кровови. Невремето ја прекина струјата во повеќе населби во главниот град, но и во западните градови Тетово, Битола и во Гостивар.






Поврзани содржини