СЕ ОЖЕНИ ШПАНСКИОТ ВОЈВОДА Цел свет зборува за бајковитата венчаница на невестата (ФОТО)
Софи изгледала прекрасно во раскошната венчаница со корсет и со нагласен долен дел направен од тул.
Идниот војвода од Севилја, Франциско де Борбон (43), се ожени со својата долгогодишна свршеница Софи Елизабет Кароли на раскошна церемонија во Марбела.
View this post on Instagram
Софи изгледала прекрасно во раскошната венчаница со корсет и со нагласен долен дел направен од тул, а младоженецот се одлучил за традиционален костум налик на униформа.
Невестата подоцна се пресоблекла уште два пати во атрактивни, светкави фустани прилагодени за вечерни пригоди, а раскошната венчавка била организирана во еден хотел, а гостите уживале во огномет, шоу со дронови и серенади, пренесува „Дејли мејл“.
На венчавката присуствувал и синот на Софи и на Франциско, кој ја придружувал својата мајка до олтарот.
Да се потсетиме, младоженецот е син на Франциско Хоакин и покојната грофица Беатриз фон Хандерберг и директен потомок на машката лоза на шпански и француски благороднички семејства од куќата Борбон.
ФОТО: Инстаграм