СЕ ОЖЕНИ ПОСЛЕДНИОТ ПОТОМОК НА РУСКИОТ ЦАР Раскошна церемонија, православие и емоции(ФОТО)

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин им рече на новинарите дека Кремлин им посакува добро на младенците, но додаде: „Овој брак на ниту еден начин не припаѓа на нашата агенда“.

1,812

Раскошна церемонија ги затекна луѓето во Санкт Петербург во Русија каде што се ожени последниот потомок на кралската династија Романови, која се сметаше за целосно сотрена во болшевичката револуцијата, пренесува Би-Би-Си. Џорџ Михајлович Романов(40) е внук на братучедот на цар Николај, кој успеал да пребега во Европа, а да не биде стрелан од револуционерите.

Ројтерс направи и детална снимка од целата церемонија.

 






Џорџ ја ожени Ребека Вирџинија Бетарини која се преселила во Русија пред три години. Toj студирал во Оксфорд, но поголемиот дел од животот го поминал во Франција. Работел во Европскиот парламент и рускиот рударски гигант Норилск Никел. Неговата венчавка беше поздравена и од Кремлин, а присуствуваше и министерската за надворешни работи Захарова.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин им рече на новинарите дека Кремлин им посакува добро на младенците, но додаде: „Овој брак на ниту еден начин не припаѓа на нашата агенда“.

Имало 1.500 луѓе цареви, кралеви, попови

Руското православно свештенство ја одржа сложената церемонија во катедралата Свети Исак.

Списокот на гости од околу 1.500 луѓе вклучуваше други истакнати имиња како Константин Малофеев, монархист и милијардер со блиски врски со Кремлин и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

 

Меѓу странските гости беа принцот Рудолф и принцезата Тилсим од Лихтенштајн, и поранешни членови на кралското семејство од Бугарија.

Локалната жителка Галина Боброва рече дека му посака на новиот пар „среќа“.

– За нас, монархијата е нешто од минатиот живот, се разбира, но е интересно – рече таа за новинската агенција АФП.

Романови владееле 300 години со Русија

Прадедото на Михајлович, големиот војвода Кирил Владимирович, избега од Русија за време на болшевичката револуција. Владимирович беше братучед на последниот руски цар, Николај Втори, кој беше убиен од револуционерниот стрелачки одред со неговата сопруга и петте деца во 1918 година.

Династијата Романови владееше со Русија повеќе од три века пред Николај Втори да абдицира во почетокот на 1917 година. Ова го отвори патот за болшевичката револуција и 70 години комунистичка власт.

Поврзани содржини