(ФОТО) СЕ ОМАЖИ ЌЕРКАТА НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ Први фотографии од венчавката на Анастасија и Немања Гудељ
Младиот пар ја објави среќната вест на своите профили на Инстаграм, со фотографија од рацете со бурми.
Младиот пар ја објави среќната вест на своите профили на Инстаграм, со фотографија од рацете со бурми. Никој не претпоставуваше дека толку брзо ќе се венчаат, иако на сите им беше јасно дека нема да чекаат долго за да впловат во брачните води.
– Господин и госпаѓа Гудељ – напишала Анастасија.
Цеца присуствувала на свечената церемонија, а за српски „Телеграф“ дала изјава:
„Пресреќна сум, ја славиме љубовта. Што би посакала една мајка на своето дете отколку среќен и долг брак преполн со љубов и почитување“, изјавила Цеца за „Телеграф“.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ одамна одлучија дека ќе имаат неколку свадбени церемонии, поточно интимна граѓанска во Шпанија, а потоа и голема забава во Белград по роденденот на Цеца Ражнатовиќ. За жал, загубата на бебето ја прекина прославата.
Се шпекулираше дека од нивната свршувачка дури и се венчале во тајност. Немања пред неколку дена објави фотографија на која врти кошаркарска топка, а во преден план беа прстените, кои тој генерално не ги носи. Парот тогаш не ги коментираше наводите дека веќе се во брак, но сега го имаме вистинскиот одговор на тоа прашање.
Според информациите, двојката тајно се венчала во манастирот Рајиновац во близина на Белград, а Анастасија одлучила да биде сосема поинаква невеста. Иако ја носеше традиционалната бела боја, ќерката на Цеца не се одлучи за класична венчаница, барем не за оваа церемонија.
ФОТО: Инстаграм