Познатиот хрватски пејач Крунослав Киќо Слабинац (76) беше подложен на операција на срцето во Клиничкиот центар во Загреб на почетокот на август. По операцијата, која требаше да биде од рутинска природа, неговата здравствена состојба беше животна опасност, па лекарите одлучија да го стават во индуцирана кома.
И додека сите се надеваа дека тој брзо ќе закрепне, Киќо Славинац, според зборовите на неговата пријателка, Мирјана Антоновиќ, е во кома веќе два месеца, пишува српски „Блиц“.
– Драги мои пријатели. Многумина ме прашувате дали знам нешто за Киќо Слабинац. Кога отиде на операција, ми вети дека ќе ми се јави штом ги отвори очите. Тој досега не се јавил, а бидејќи долго време е во кома, тоа е многу загрижувачко“, напишала Мирјана на својот фејсбук-профил.