СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО СО ЕПСТИН Идната кралица на Норвешка, Мете-Марит бара прошка од семејството

Новите документи од САД откриваат електронска преписка со Епстин по неговата осуда, што повторно ја отвори дебатата за одговорноста на кралското семејство.

290

Норвешката принцеза Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хаакон, повторно јавно се извини поради нејзиното пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, откако нејзиното име повторно се појави во новообјавените документи од американските власти.

– Се извинувам и за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата – изјави Мете-Марит во соопштение објавено од норвешката кралска палата.






Контроверзата повторно се актуелизираше откако американското Министерство за правда минатата недела објави нови досиеја поврзани со случајот Епстин, во кои се наведува обемна електронска преписка меѓу принцезата и Епстин, и тоа по 2008 година, кога тој беше осуден за сексуални злосторства врз деца.

Принцезата и претходно призна дека направила „лоша проценка“ со тоа што одржувала контакт со Епстин, но новите објави повторно ја ставија под силен јавен и политички притисок.

Норвешкиот премиер изјави дека Мете-Марит, како и други истакнати личности чии имиња се појавуваат во документите, треба јасно да објаснат каква била природата на нивните контакти со Епстин.

Овој скандал доаѓа во чувствителен период за норвешкото кралско семејство, кое веќе се соочува со сериозни предизвици. Посебно внимание привлекува судскиот процес против Мариус, синот на Мете-Марит од претходна врска, кој е обвинет за силување и семејно насилство.

Поврзани содржини