🎥 СЕ ИЗВИНИ ШТО СЕ ОДНЕСУВАЛ БЕЗОБРАЗНО КОН ВЛАСТА И КОН ПРЕМИЕРОТ Откако полицијата им поднела кривични се јави со извинување уште еден демонстрант
Независниот синдикат на полицијата (НСП) во текот на вчерашниот ден официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Рафет и Феим Мемишовски, поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници.
Уште еден од демонстрантите кои се закануваа поради одземањето возила за возење без возачка дозвола, се извини јавно преку видео порака.
Феим Мемишовски од Битолско вели дека направил грешка и дека тоа нема да му се повтори.
– Се извинувам до Владата, до претседателот, до премиерот. Пред два дена дојде син ми и ми кажа „татко, полицијата ми ја зеде колата“. Јас од возбуда, кога ми кажа… Кој и да е ова ќе го направи. Ама згрешив многу, се извинувам, што се однесував безобразно кон власта и кон премиерот. Се извинувам многу, грешев, и повеќе нема да ми се случи ова – вели Мемишовски.
Независниот синдикат на полицијата (НСП) во текот на вчерашниот ден официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Рафет и Феим Мемишовски, поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници.
НСП во својот допис до Обвинителството предлага лицата веднаш да бидат повикани како осомничени и за нив да се побара притвор за да не го повторат делото или да го извршат тешкото кривично дело кое го најавуваат.
Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјалите со изјавите на лицата.
Претходно, Рафет Мемишовски му се извини на целиот државен врв поради заканите со тепачки и убиства.