СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО, А ИМАТЕ ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ? Долго седите, постојано сте под стрес, имате намалена физичка активност…
Многу луѓе се збунети кога, и покрај балансираната исхрана и избегнувањето на масна храна, добиваат резултат од тест кој покажува висок холестерол. Често се верува дека чинијата е единствениот виновник, но вистината е многу посложена.
Холестеролот и неговите вредности не доаѓаат само од храната. Најголемиот дел всушност го произведува самиот црн дроб, а овој процес е под влијание на голем број фактори, од кои многу имаат малку врска со она што го јадеме.
Во крвта особено се следи ЛДЛ холестеролот, таканаречениот „лош“ холестерол, чии покачени нивоа претставуваат ризик за крвните садови и срцето. Нормалните вредности на вкупниот холестерол се движат помеѓу 3,1 и 5,5 mmol/l, но дури и кај луѓето кои се хранат „школски правилно“, овие граници можат да се надминат.
Лоши навики и висок холестерол: Седење, стрес, намалена физичка активност…
Една од најчесто занемарените причини е хроничниот стрес. Кога телото е постојано под стрес, се ослободуваат хормони како што се кортизол и адреналин кои го нарушуваат балансот на шеќерот и мастите во крвта. Со текот на времето, се активираат воспалителни процеси, а црниот дроб почнува да произведува повеќе холестерол и триглицериди, додека заштитниот HDL холестерол се намалува. Со други зборови, дури и совршената диета ја губи битката ако телото е постојано во состојба на штрек.
Продолженото седење има сличен ефект. Современиот начин на живот, со многу часови поминати на биро или пред екран, влијае на ензимите кои помагаат лошиот холестерол да се претвори во добар. Кога не се движиме, овој механизам практично „забавува“, што доведува до неповолни вредности на липидите.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.