СЕ ГЛЕДА НАПРЕДОК, НО Е РАНО ЗА ЗАКЛУЧОЦИ Путин изрази оптимизам по разговорите со САД
Путин ги повика украинските власти да наредат предавање на нивните војници, ветувајќи дека Русија ќе гарантира дека нивните животи ќе бидат поштедени.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека разговорите со американскиот пратеник Стив Виткоф покажуваат напредок и дека „ќе се види што ќе произлезе од нив“.
Путин одговори и на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на животите на украинските војници кои наводно се опколени во Курск.
– Јас побарав од претседателот Путин да не се случи масакр, тоа би било ужасна трагедија – напиша Трамп на „Трут Соушл“.
Путин ги повика украинските власти да наредат предавање на нивните војници, ветувајќи дека Русија ќе гарантира дека нивните животи ќе бидат поштедени.
Претходно, украинската армија ги отфрли руските тврдења дека нивните сили се опколени во регионот Курск, нарекувајќи ги „лажни информации“ пласирани за политички цели.
ТРАМП ПОБАРАЛ ОД ПУТИН ДА ГИ ПОШТЕДИ УКРАИНЦИТЕ ВО КУРСК „Би било ужасно ако се случи масакр“