СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се спушти до 10°C, а дневната ќе се искачи до 25°C. Главниот град ќе остане надвор од зоната на нестабилност, со пријатни услови за прошетки и активности на отворено.
Стабилно и топло време нѐ очекува во сабота, со мала до умерена облачност во текот на денот. По свежото утро, денот ќе започне со сонце и слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Според прогнозата на УХМР, атмосферата ќе остане претежно стабилна низ целата земја, со исклучок на крајните источни планински предели, каде што попладне постојат услови за слаб локален дожд. Ветерот ќе го засили чувството на свежина, особено во северниот и централниот дел на земјата.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3°C во Маврово до 11°C во Гевгелија, а максималните дневни ќе достигнат од 16°C во Маврово до 26°C во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се спушти до 10°C, а дневната ќе се искачи до 25°C. Главниот град ќе остане надвор од зоната на нестабилност, со пријатни услови за прошетки и активности на отворено.
Недела ќе биде слична по карактер – претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во текот на денот ќе преовладува стабилно време низ целата земја.
Утрински температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималната од 20°C до 26°C
Понеделник носи продолжување на стабилното време, но со поголема облачност кон крајот на денот, особено во западните и северните делови. Во вечерните часови се можни локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде од 6°C до 11°C, а максималните температури од 19°C до 26°C.