„СЕ ЧЕКА ПО ПЕТ-ШЕСТ ЧАСА ЗАТОА ШТО НЕМАМЕ ПЕРСОНАЛ“ Од Онкологија демантираат дека дневната болница е затворена

Ако зборуваме за дневната болница, во делот на медицинските сестри кои таму работат, најмалку треба да ги дуплираат по број. Одлив на кадар имаме постојано и сѐ повеќе од сестрите најавуваат дека ќе си одат, бидејќи ова станува неиздржливо. На цела работа, уште работат и под притисоци и под закани. Во слободни денови ги викаме од дома, изјави Виолета Клисаровска, в.д. медицински директор на клиниката.

460

Дневната болница на Клиниката за онкологија не е затворена, информацијата е погрешна. Баш напротив, не само што не е затворена, туку работи со полна пареа. Само да, пациентите чекаат со часови. Терапиите се повеќечасовни во најголем дел од случаите, траат по пет и шест часа. Работиме со натчовечки напори, изјави денеска за МИА, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Виолета Клисаровска.

– Ако зборуваме за дневната болница, во делот на медицинските сестри кои таму работат, најмалку треба да ги дуплираат по број. Одлив на кадар имаме постојано и сѐ повеќе од сестрите најавуваат дека ќе си одат, бидејќи ова станува неиздржливо. На цела работа, уште работат и под притисоци и под закани. Во слободни денови ги викаме од дома – појасни таа.






Клисаровска рече дека дисперзијата под итно треба да се случи. Таа кажа оти ги разбираат пациентите кои имаат мака, сакаат да дојдат и да бидат веднаш услужени, но, додаде дека здравствените работници не се во можност тоа да им го пружат, па мора да се чека.

Од Клиниката за онкологија за МИА кажаа и дека во дневната болница работат и бремени сестри, опслужува и сестра која е нивен пациент со малигна болест. За жал, како што велат, има нервозни пациенти, кои се туркаат и ги вреѓаат здравствените работници на клиниката.

Поврзани содржини
na