Сè било по прописите при породувањето на Јалдз Веапоска која остана без бубрег, матка и јајник

Стручниот надзор на Лекарска комора тврди дека не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката.

783

Немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јалдз Веапоска, медицинска сестра од Дебар која откако се породила во болницата во Струга со царски рез, од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник, информира Министерството за здравство повикувајќи се на извештај на Леканската комора која  извршила стручниот надзор за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани.

– Не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба – велат од Лекарската комора.






Увид е направен и во Скопје, а ниту таму не се утврдени пропусти.

– Од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди. Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката – појаснуваат од Лекарската комора.

Јилдиз за медиумите изјави дека не го прифаќа Стручниот наодот на Лекарската комора и бара образложение.

– Дали е нормално, ни никој да не знае кои се лекарите од Лекарската комора  што го вештачат ова. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту имало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има? – прашува Веапоска.

 

Поврзани содржини