СДСМ ОДИ КОН ПРОПАСТ Поради Заев и Филипче, Македонија нема опозиција
Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДСМ. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДСМ на раб на статистичка грешка, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните сè уште ги слуша лошите совети на Зоран Башановиќ и на Зоран Заев, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДСМ. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДСМ на раб на статистичка грешка – рече Манасиевски.
Филипче функционира само по директива на Заев, додаде тој, а сега со новиот пиар шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото мочуриште.
– Истите луѓе на Заев кои до пред неколку години заедно го водеа СДСМ, сега се здружени со Филипче и одат кон пропаст. Во Македонија нема опозиција поради Филипче и СДСМ. Нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат – рече Манасиевски.
Реформи, дистанцирање и оградување од Заев и од Филипче му се потребни на СДСМ, за да биде конструктивна, легитимна и кредибилна опозиција, додаде Манасиевски.