СДСМ: Најдобро е Мицкоски да замине од политиката

405

Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност. Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите, реагира СДСМ на прес конференцијата на Мицкоски.

– Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници. Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта.  Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палатам- велат од СДСМ.

Поврзани содржини