ОД СДСМ МОЛЧАТ ЗА ДУИ ДА НЕ ГИ ИЗДАДЕ Партијата на уценети политичари не се оградува од грабежот на Груби
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека од СДСМ молчат и не се оградуваат од криминалите на Артан Груби, ниту го повикуваат да се врати и да се соочи со правдата, затоа што се слуги на ДУИ и се плашат да прозборат.
СДСМ се претвори во партија на уценети политичари, порачува вјадејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДСМ молчат за Груби. Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДСМ збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДСМ од него не се откажува, додава партијата.
„Низ вода Груби го пуштија и САД, коишто го ставија на црната листа поради криминал и корумпирање на судии за влијание на судски одлуки. Ако за криминалите на Артан Груби знаеле САД, новинарите, медиумите и пошироката јавност, не е можно за тоа да не знаел СДСМ. Знаел, но свесно му дозволи да ја ограбува Македонија преку Лотарија, преку министерството кое го водеше и од кое на фирмата на брат му доделуваше тендери во вредност од неколку илјади евра“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Дека Груби крадеше од државните институции, се додава во соопштението, можеше да се види по тоа што во центарот на градот, на улица Македонија се стекна со ексклузивен дуќан по багателна цена.
„Како и по скапиот автомобил, кој ако не изгореше немаше да знаеме дека го има, а јавноста ја убедуваше дека тоа бил на негов другар кој му го дал да го користи. Но, каков е тој другар кој би отстапил скап и луксузен автомобил на другар, освен ако не е како Прпарим Бајрами, со кого заедно би го делеле пленот од македонските институции. За ваквото криминално дејствување одговорноста е кај СДСМ, кои при очи слепи се правеле и му дозволите да ја ограбува Македонија, за да останат подолго на власт и да продолжат и тие со нивното крадење“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.