СДСМ: Лажно монтирано писмо се шири на социјалните мрежи, не постои и нема да постои партиско вакцинирање

Тоа се истите што ширеа лажни вести за Референдумот, за Пописот, истите кои се во постојана координација со „радикалното“ манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица! - стои во објавата на „Фејсбук“ на официјалната страница на СДСМ.

1,110

Откако на социјалните мрежи се прошири лажно писмо со монтирано лого на СДСМ и потпис на генералниот секретар Љупчо Николовски, наводно испратено до општинските организации на партијата за да состават списоци за вакцинација, реагираа од владејачката партија.

– Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа. Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачки создавање негативни емоции и да му се наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните институции. Во моментов оваа монтажа се шири на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни ако забележат вакви или други случаи, што е кривично дело, лажно претставување, да се обратат до СДСМ преку официјалните канали, за да може соодветно да реагираме. Не постои и нема да постои партиско вакцинирање. Тоа е само во главите и опасните умови на подрумите и Фејкњуз лабораториите кои имаат за цел да страда народот. Тоа се истите што ширеа лажни вести за Референдумот, за Пописот, истите кои се во постојана координација со „радикалното“ манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица! – стои во објавата на „Фејсбук“ на официјалната страница на СДСМ.






Поврзани содржини