СДСМ ИЗНЕСУВА НЕВИСТИНИТИ, НЕТОЧНИ И МАНИПУЛАТИВНИ НАВОДИ Реакција од АЛТА Банка АД Битола, екс-Стопанска банка Битола

„Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката“ – се вели во реакцијата.

96

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка, се вели во реакцијата на Стопанска банка АД Битола, која од денеска официјално работи под името АЛТА банка АД Битола, во врска со денешната прес-конференцијата на СДСМ, на која се обрати Александар Саша Димитријевиќ.

„Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилитет.






Дополнително, зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ.

АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на АЛТА групацијата и една од најиновативните финансиски институции во Србија. Таа е значаен финансиски актер, кој покрај инвестицијата во Македонија, бележи и неколку веќе реализирани инвестиции во регионот.

АЛТА банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда за најбрзо растечка и најиновативна банка во Република Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина. Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката“ – се вели во реакцијата.

Поврзани содржини