„СДСМ И ФИЛИПЧЕ РАБОТАТ ЗА СОФИЈА“ Лидерот на опозицијата е гласник на антимакедонска пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ шири антимакедонска пропаганда за лични бизнис цели, цел на нападите е Мицкоски затоа што ја брани Македонија.

282

Преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ и претседателот, Венко Филипче, дека активно поддржуваат бугарска пропаганда во Македонија, со цел да ги негираат македонскиот идентитет, култура и државни интереси. Според владејачката партија, однесувањето на структури во СДСМ е „срамно и антимакедонско“, а зад сè стојат лични бизнис интереси и пари од Бугарија.

„Структури на СДСМ поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање сè што е македонско. Амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДСМ и Венко Филипче“, се наведува во соопштението.






Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е случајно што постојан мета на критики од СДСМ и од структури поврзани со официјална Софија е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кого го опишуваат како „предводник на политиката за заштита на македонските интереси“.

„Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ и пред сè врз Мицкоски. Тој е пречка за распродажбата на државата, затоа што се грижи за секој еден граѓанин и го брани националниот интерес“, велат од партијата.

Понатаму, во соопштението се потенцира дека однесувањето на структури од СДСМ е срамно, особено затоа што, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се прави под влијание на бугарски финансиски интереси.

„Срамно е однесувањето на структурите од СДСМ кои поддржуваат бугарска пропаганда, а сето тоа за да си заштитат лични бизнис интереси“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, граѓаните јасно знаат кој се грижи за Македонија, а кој ја распродава државата за сопствена корист. Како што велат, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против сите форми на странско влијание кои ги поткопуваат македонските вредности и идентитет.

„Секој еден граѓанин ги има прочитано внатрешните структури што се вклучени во ваква антимакедонска пропаганда. Секој знае кој навистина го брани интересот на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини