СДСМ И ДУИ ГИ ТРУЕЛЕ ГРАЃАНИТЕ ЗА ДА ПРОФИТИРА НИВНАТА ЕЛИТА Бегалецот Васко Ковачевски е дел од криминалот со мазутот „тежок“ 167 милиони евра
СДСМ и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра. Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино, кој бил канцероген, направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот. Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ, сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор, соопшти владејачката партија.
СДСМ и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра. Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино, кој бил канцероген, направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот. Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ, сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор“, соопшти владејачката партија.
Оваа шема на СДСМ, се додава во соопштението, со години ги крадеше народните пари, а дел од тендерите, како еден од многуте ,во вредност од 22 милиони евра го субвенционирала и самата влада со сума од 15 милиони евра.
„СДСМ и ДУИ имаа обид, преку своите инсталации во правосудниот систем, да ги штитат споменатите лица кои правеле криминални дела. Поминува времето во кое се штитеа криминалците, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува ред и работи во корист на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата потенцира дека преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери, СДСМ се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол тежок 167 милиони евра.
„СДСМ е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра.
На македонската јавност ѝ е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДСМ и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните. Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДСМ и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДСМ од ДУИ, Исмаил Јахоски“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
Седум години на власт, СДСМ се погрижиле династијата од Пласница енормно да го зголеми богатството, но, за жал, на штета на здравјето на граѓаните, додава партијата.
„Седум години Пуцко Петрол од СДСМ, како од централната, така и од локалната власт земал тендери тешки милиони евра. Седум години Пуцко Петрол заедно со РКМ ги труеле граѓаните со канцероген мазут. Седум години СДСМ го толерирал Пуцко Петрол, затоа што и самите беа вклучени во криминалот тежок скоро 167 милиони евра, преку кој со канцероген мазут го труеја народот. Директни учесници на СДСМ во овој криминал во ТЕЦ Неготино, се нивниот кадар и директор во бегство од правдата, Васко Ковачевски и другите нивни функционери“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.