СДСМ И ДУИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА АКЦИЗАТА НА ГОРИВАТА Тоа е дел од цената што требаше да се укине!

Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

205

СДСМ и ДУИ откако се на власт ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа е дел од цена која требаше да се укине, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт. Со намалување на акцизата за 50% граѓаните ќе точеа горива по разумни цени, а индустријата и земјоделците ќе имаа помали трошоци на производство. Но наместо да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие излегоа со половично решение за намалување од 30%, кое е врзано со цената на суровата нафта на светските берзи. Дополнително за да биде очајот поголем веќе два дена се фалат со намалување на цената на горивата кое е исклучиво резултат на падот на цената на нафтата на берзата, а не резултат на Ковачевски и СДСМ. Народот ја гледа проѕирноста на владата, нивните мерки немаат суштина и не носат долгорочен резултат.

Поврзани содржини