СДСМ ГО СПАСУВА КОЦЕВСКИ И ГО ДРЖИ НА ФУНКЦИЈА Лицемерието пукна како меур од сапуница, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

241

СДСМ го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната загриженост на СДСМ на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на обвинителот Љупчо Коцевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Лицемерието на СДСМ пукна како меур од сапуница, не помина ниту месец дена глумата на СДСМ дека се критичари на Коцевски. СДСМ со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДСМ и ДУИ се првите на удар на правдата. Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем. Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДСМ и ДУИ. Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници. Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти. Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДСМ и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДСМ да се залага за владеење на правото и правдата. А не да бара спас од одговорност за своите функционери. Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Правдата и владеењето на правото во Македонија мора да профункционираат“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини