СДСМ ГО ПОЧНА И ГО ОСТАВИ ДА ПРОПАЃА Изградбата на базенот во Струмица продолжува по тригодишен застој

Ова е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите проекти почнати од претходната влада пред многу години и да го подобриме квалитетот на живот на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт и со рекреација, вели министерот за спорт Борко Ристовски.

0

Министерството за спорт продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура – по тригодишен застој продолжува изградбата на базенот во СтрумицаОва е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите проекти почнати од претходната влада пред многу години и да го подобриме квалитетот на живот на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт и со рекреација, вели министерот за спорт Борко Ристовски., почнат и оставен недовршен од претходната власт, соопшти Министерството.

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска изврши увид во градежните работи на базенот. Констатирано е дека работите се одвиват според планот и дека базенот ќе биде завршен во предвидениот рок, до крајот на јануари 2027 година.






– Денеска со гордост можеме да објавиме дека она што беше почнато во 2023 година и оставено да се акумулира 3 години, ќе продолжи да се гради со забрзано темпо, што значи дека до крајот на јануари базенот ќе биде завршен и предаден на Општина Струмица. Ова е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите проекти почнати од претходната влада пред многу години и да го подобриме квалитетот на живот на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт и со рекреација. Станува збор за инвестиција од 50 милиони, која е целосно обезбедена од Владата на Република Македонија и од Министерството за спорт. Инвестициите во спортска инфраструктура се еден од нашите приоритети – изјави министерот Борко Ристовски.

Откако ќе биде завршен и пуштен во употреба, базенот ќе биде ставен на располагање на учениците и на граѓаните.

Градоначалникот Јанков ја истакна добрата соработка со Министерството за спорт.

– Голема благодарност до Министерството за спорт за реализацијата на досегашните проекти и за проектите на кои ќе работиме заедно во иднина. Овој базен ќе може да го користат учениците, спортистите и сите граѓани и ќе биде од голема важност за развојот на спортот во нашиот град – рече Јанков.

Базенот во Струмица е еден од објектите кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт и потоа со години беше оставен недовршен и запуштен. Министерството за спорт минатата година го откочи проектот.

Поврзани содржини