„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“ Владејачката партија бара обвинителството да ги истражи деловните односи на поранешната влада со Алта банка-Белград
Од партијата преку соопштение денеска соопштија дека се сомневаат дека тоа била причина поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими во 2023 година да поднесе точката на на дневен ред на владина седница која се однесува на деловните односи со „Алта банка".
ВМРО-ДПМНЕ бара јавното обвинителство да поведе истрага за да ги испита владините одлуки од времето на СДСМ и ДУИ од 2023 година за деловните односи со Алта банка и за кредитот на компанијата на сватот на Али Ахмети од 5 милиони евра.
Партијата бара да се испитаат и сите евентуално поврзани трансакции со банката.
Од партијата преку соопштение денеска соопштија дека се сомневаат дека тоа била причина поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими во 2023 година да поднесе точката на на дневен ред на владина седница која се однесува на деловните односи со „Алта банка”.
Партијата прашува дали трагите на парите водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети?.
– Додека СДСМ глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград. Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со Алта банка. Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува АС Сењак, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од Алта банка во Белград“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ парашуваат дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДСМ и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка.
„Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?“, прашуваат од партијата.
За партијата е посебно симптоматично што СДСМ денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.
„Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо. Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции. Кој ја отвори вратата за Алта банка, кој имал корист и зошто СДСМ денес молчи за своите функционери?“, се вели во соопштението.