СДСМ Е НАЈДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА ВО ДРЖАВАТА, ПОЧИТУВАМЕ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ Кузеска му одговори на Шилегов

Немаме намера да навлегуваме во лични напади, и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

495

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

– СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади, и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог – рече Кузеска.






Инаку, Шилегов ноќеска објави Фејсбук статус преку кој обвини дека СДСМ е заробена партија.

„СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани „лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет!!! Пролет е СДСМ!!!!“, напиша Шилегов.

Подоцна тој објави уште еден статус како појаснување на првиот:

„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник… Ете затоа“, наведува Шилегов.

СДСМ Е ЗАРОБЕНА ПАРТИЈА, ЈА ВОДАТ ТЕЗГАРОШИ ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ Шилегов напиша полноќна поезија за Заев, Филипче и за Зечевиќ

Поврзани содржини