САШО ДРАНГО КОЈ СЕ СЛИКАШЕ СО УБИЕНА МЕЧКА НЕ Е ВЕЌЕ ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ На неговото место е назначен Александар Шуковски
Веста за смената на Дранго ја објави Шуковски соопштувајќи за новото работно место.
Сашо Дранго кој се сликаше со застрелана мечка не е веќе заменик директот на ЈП „Македонија пат“.На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
Дранго на почетокот на годинава ја разбранува јавноста по објавувањето на фотографија на која позира со убиена мечка и оружје в рака. Фотографијата ја објави организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“. По ова, Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет.
Премиерот Христијан Мицкоски во екот на скандалот изјави дека доколку се докаже дека ја застрелал мечката тој ќе биде разрешен и повикан на одговорност.
Веста за смената на Дранго ја објави Шуковски соопштувајќи за новото работно место.
„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик-генерален директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба“, напиша Шуковски.