Угостителскиот работник Сашко Јованов од Стар Дојран, стана сопственик на најголемиот „Милионер џек пот“ во август годинава. Најпосакуваната Милионер џек пот добивка на Државната Видеолотарија му донесе фантастични 1.798.727 денари. Милионер џек пот добивката е освоена на 8 август во „Клуб спорт 77 Евротип 133“, во Стар Дојран.
Почитувајќи ги протоколите, во Државна Видеолотарија, пристигна добитникот Јованов и рече дека ова е негова прва добивка, на која најмногу се радувале членовите на неговото семејство. Парите од освоениот „Милионер џек пот“ ќе ги искористи за да инвестира во семејниот бизнис.
Џек пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016 година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 358 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 533.041.287 денари. Покрај нив, освоени се и 69.382 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 356.735.140 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната „Милионер џек пот“ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.