„САРМАТ“ ЗА КУКАВИЧКИТЕ БУГАРИ И ОДМАЗДОЉУБИВИТЕ РОМАНЦИ И ЦРНОГОРЦИ На ракетите не им се потребни дозволи за летање

„Сармат“ е најновата хиперсонична ракета во арсеналот на руските сили, способна да носи повеќе нуклеарни боеви глави.

3,992

Директорот на државната свемирска агенција на Русија – Роскосмос, Димитри Рогозин, на Твитер го искажа свеој гнев, откако беше потврдена информација дека Романија, Бугарија, Црна Гора и Македонија не му дозволија на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, да прелета преку нивна територија и да пристигне во посета на Белград.

– Тоа што е добро е дека за „сармат“ нема да биде побарана дозвола за прелет од кукавичките Бугари и одмаздољубиви Романци и Црногорци, кои ја издадоа нашата заедничка историја – порача Рогозин.






„Сармат“ е најновата хиперсонична ракета во арсеналот на руските сили, способна да носи повеќе нуклеарни боеви глави.

Од Министерството за надворешни работи на Русија, побараа дозвола од повеќе соседни земји на Србија,  дозвола за летење на авионот на министерот Лавров, но барањата беа одбиени. Поради тоа, посетата на Лавров на Белград е одложена.

 

Поврзани содржини