Саркози на суд се брани пркосно – негира дека ги украл изборите во 2012 година
Конзервативната партија на Саркози на митинзи потрошила речиси двојно повеќе од со закон дозволените 22,5 милиони евра, а потоа ангажирала пријателска агенција за односи со јавноста за да ги скрие трошоците.
Никола Саркози, поранешниот француски претседател, вчера пркосно се бранеше пред суд од обвинувањa дека незаконски ја финансирал својата изборна кампања во 2012 година.
– Дали имав намера да направам измама, да направам нешто лошо? Дали бев негрижлив? Невнимателен? Мојот одговор на сето ова е наједноставен. Не! – изјави Саркози пред судот. – Од моментот кога ми кажаа дека работите се во ред, повеќе немав причина да размислувам за тоа – додаде тој.
Обвинителите, од друга страна, тврдат дека Конзервативната партија на Саркози на митинзи потрошила речиси двојно повеќе од со закон дозволените 22,5 милиони евра, а потоа ангажирала пријателска агенција за односи со јавноста за да ги скрие трошоците.
Иако Саркози призна дека е одговорен за политичката насока на неговата кампања, тој рече дека не бил одговорен за организирањето митинзи и за плаќањето на сметките.
Досега, истрагата не успеала да докаже дека Саркози учествувал во шемата.