САРАЕВО ПОПЛАВЕНО НА ПОВЕЌЕ МЕСТА Метеролозите предвидуваат обилни врнежи и во наредните денови(ВИДЕО)
И додека водостојот на Миљацка е во пораст, реките Железница и Тилава веќе се излеаја, а расте и нивото на Босна.
Сараево се соочува со големи поплави како резултат на обилните дождови кои врнат веќе два дена во Босна и Херцеговина.
Но, ситуацијата би можела да биде и посериозна бидејќи водостојот на реката Миљацка утрово изнесуваше 208 сантиметри и би можела да се излие од коритото во некои делови од градот ако продолжи да врне, а токму тоа го најавуваат метеоролозите велејќи дека врнежите ќе продолжат до недела.
Дождот во текот на ноќта предизвикал големи проблеми во целиот Кантон Сараево, при што се поллавени сообраќајници и цели населби, а јавниот превоз е во прекин. Најдраматично е во Отес, каде што, како што јавуваат медиумите, владее хаотична состојба, откако водата навлегла и во голем број куќи. На терен се пожарникарите, кои со чамци им доставуваат помош на жителите на поплавените населби.
И додека водостојот на Миљацка е во пораст, реките Железница и Тилава веќе се излеаја, а расте и нивото на Босна.