Санчез и Мишел во изолација по контактот со Макрон

Претходно, Елисејската палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

216

Шпанскиот премиер Педро Санчез, како и Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел превентиво ќе бидат во изолација откако беше објавено дека претседателот на Франција, Емануел Макрон е позитивен на ковид-19

Според информациите Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември.






Тој и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

– Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми – се наведува во соопштението од Елисејска палата.

Претседателот на Европски совет (ЕС) Шарл Мишел ќе биде во самоизолација поради превентива, изјави портпаролот на Европска Унија,

Портпаролот на ЕУ наведе дека Мишел редовно се тестира, а на тестот од вторникот бил негативен.

Претходно, Елисејската палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

– Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми – се наведува во соопштението од Елисејска палата.

Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.

Поврзани содржини