САМО УШТЕ ОВА Ѝ ФАЛЕШЕ НА ТУРЦИЈА Поплави во опустошениот регион, има исчезнати (ВИДЕО)

Медиумите јавуваат дека од вчера врне, додека метеоролозите предупредуваат дека денеска ги очекува најтешкиот ден.

632

Силниот дожд кој зафати делови од Турција предизвика поплави, во кои животот го загуби најмалку едно лице.

Поплави се случија во градовите во регионот Адијаман, кој беше уништен од разорните земјотреси на почетокот на февруари, и Шанлиурфа, каде што е загрозен секојдневниот живот.






Според турските медиуми, најмалку три лица се водат како исчезнати во Адијаман, а шест во Шанлиурфа, додека спасувачите и нуркачите трагаат по нив.

 

– Има извештаи за исчезнати лица, но не можеме да ги потврдиме. Нашите екипи се обидуваат да стигнат таму со чамци. Временските услови не се поволни за лет со хеликоптер – изјави градоначалникот на Шанлиурфа.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како водата поплавува куќи и згради, возила се заробени, додека поројот носи сѐ пред себе.

 

Медиумите јавуваат дека од вчера врне, додека метеоролозите предупредуваат дека денеска ги очекува најтешкиот ден.

 

Да потсетиме, Турција беше погодена од разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 48.000 луѓе, додека сега земјата се соочува со нова трагедија.

 

Поврзани содржини