Само границите на Македонија се затворени во цела Европа (ИНФОГРАФИК)

Следниот голем датум што треба да го внимавате е 1 јули, кога ЕУ се подготвува да ги отвори на патниците од целиот свет – стои во објавата на „Bloomberg“.

3,254

Според инфографикот кој го направи „Bloomberg“ со цел да им помогне на Европејците како полесно ги видат мерките доколку сакаат некаде да заминат на летување, може да се забележи дека единствено границите на Македонија се затворени, а во нашата земја можат да влезат лица само поради бизнис.

– Европејците се очајни да се извлечат по она што го се почувствуваа, откако беа затворени во своите земји заради пандемијата, па конечно, да си ги спакуваат торбите и да се упатат кон некои од дестинациите за летување. Од понеделник, повеќето земји во рамките на Европската унија ги отвораат своите граници за туристите од регионот. Но, сепак секоја влада различно донесува одлуки кога и како да ги отвори своите граници, а тоа може да биде навистина збунувачко за оние кои сакаат да ја напуштат својата држава и да заминат некаде. Оваа мапа е за да им помогне во планирањето на летните одмори, од кратките прошетки во Париз до сончањето во Грција. Следниот голем датум што треба да го внимавате е 1 јули, кога ЕУ се подготвува да ги отвори на патниците од целиот свет – стои во објавата на „Bloomberg“.

Поврзани содржини