САМО АКО СЕ БОЦНАТИ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ Во Франција задолжителна вакцинација за здравствените работници

Синдикатите на француските медицински лица предупредија дека може да биде предизвикана здравствена катастрофа доколку медицинските лица кои одбиваат да се вакцинираат престанат да ја практикуваат својата професија и ги повикаат властите да избегнат воведување санкции.

206

Во Франција oд денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против ковид на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката е за околу 2,7 милиони луѓе кои се во здравствениот сектор.

За да ја продолжат својата професија, од денеска, ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот. Два месеца откако францускиот претседател Емануел Макрон им постави ултиматум на здравствените работници, некои од нив продолжуваат да одбиваат да се вакцинираат. Според најновите податоци на властите, заклучно со 7 септември, нешто повеќе од 88 проценти од здравствените работници во болниците и домовите за стари лица примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.






Синдикатите на француските медицински лица предупредија дека може да биде предизвикана здравствена катастрофа доколку медицинските лица кои одбиваат да се вакцинираат престанат да ја практикуваат својата професија и ги повикаат властите да избегнат воведување санкции.

Поврзани содржини